Две недели по стапувањето на функцијата претседател на САД, Џо Бајден денеска оди во Стејт департментот да ги изложи надворешно-политичките приоритети на САД и да укаже дека земјата засилено се враќа на глобалната сцена.
Ова синоќа го најави и портпаролот на Белата куќа, Џен Псаки, која истакна дека Кина е на највисоко место во приоритетите на надворешната политика на САД. По Кина доаѓаат Русија, Иран и Северна Кореја.
Набљудувачите предвидуваат дека Бајден можеби нема да оди во детаљи за новите американски приоди кон непријателите и соперниците, но се очекува тој да ги сподели своите погледи на глобалните предизвици и начините за нивно справување
