Банка наместо 280, по грешка уплатила 81.000.000.000.000 долари на клиент

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Клиент кој требало да биде исплатен со 280 долари во банка, добил по грешка 81.000.000.000.000 (81 трилиони долари).

Во меѓувреме пазарната вредност на банката „Ситигруп“ базирана во Њујорк се проценува на околу 149 милијарди долари.

Грешката се случила во април минатата година, и била направена од службеник, а потоа на налогот се потпишал и втор службеник. Третиот службеник ја открил грешката и тоа час и половина после трансакцијата. Неколку часа подоцна трансакцијата била откажана.

Банката одбила да ги коментира пишувањата на „Financial Times“ за оваа грешка.