Бара поддршка од сите политички партии – Зијадин Села не се предава околу прашањето за државјанство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, настојува на предлог-измените на Законот за државјанство,  овој закон е во полза на секој граѓанин без оглед на етничката припадност. Очекува поддршка од ДУИ, но и од сите други владејачки и опозициски партии. Села вели дека од законот е отстранет делот „опасност за безбедноста на државата“, точка поради која голем број граѓани не стекнале право да добијат државјанство, објасни Села во  синоќешното издание на  дебатниот  магазин „Клик Плус“.

„И во вашите прилози деновиве видов дека има еден човек кој не добил државјанство само по таа точка, точка која ние ја отстранивме – дека бил опасен за државата. Па каде се тие луѓе? Продолжуваат да живеат тука, продолжуваат да живеат без здравствено осигурување, без право да конкурираат на пазарот на трудот, без право на пензија. Како може некој кој со години е тука и можеби нема ниту еден законски прекршок, да ја загрозува безбедноста на државата, а уште помалку нашите баби и дедовци од по 80-90 години…“, истакна Зијадин Села.

Откако прашањето за добивање државјанство стана актуелно во јавноста, заменик-министерот за внатрешни работи, Назим Буши, преку Фејсбук статус извести дека се сретнал со директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски.

„Прашањето околу државјанствата на граѓаните и остварувањето на нивното право за добивање на овој важен документ беше целта на денешниот состанок со директорот на Агенцијата за национална безбедност г.Виктор Димовски. Заедно ги разгледавме сите можности и алтернативи за граѓаните што побрзо и без бирократски пречки да можат да стекнат право на државјанство“, вели Назим Буши.

Иницијативата на Алијанса за Албанците и Алтернатива за законски измени е во собраниска постапка и треба да се разгледа во Комисијата за одбрана и безбедност. Првиот човек на ДПА, Мендух Тачи, пред неколку дена за ТВ21 рече дека предлогот е само трик на Алтернатива, додека координаторот на пратеничката група на ДУИ, Изет Меџити со став дека првин треба да се види што содржи предлог-законот.