Барбадос отвора прва дигитална амбасада заснована на блокчејн

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Малиот карипски остров Барбадос го прошири својот дипломатски виртуелен простор, откако како прва суверена земја во светот потпиша договор за основање дигитална амбасада со платформа заснована на блокчејн-технологија.

Владата на Барбадос во неделата официјално го потпиша договор за виртуелната амбасада во Децентраленд – дигитална средина заснована на „Етерум“ (Ethereum), објави „Коиндеск“, повикувајќи се на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на земјата. Островот не планира да застане тука. Се работи и на слични договори со голем број други платформи за виртуелна реалност, вклучувајќи ги „Сомниум спејс“ (Somnium Space) и „Суперворлд“ (SuperWorld), соопштија од Министерството.

Кога претставниците на Барбадос првпат ја одобрија „метаверзум“-амбасадата во август, владата го опиша проектот како облик на „технолошка дипломатија“, отворајќи ја вратата за натамошна културна размена со други држави.