Барселона ја зголемува туристичката такса до 15 евра по ноќ поради станбената криза

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Властите на шпанската автономна заедница Каталонија ја зголемија туристичката такса во Барселона на 15 евра за гостите во хотели, односно 12,5 евра по ноќ за приватно сместување, со цел да се ограничи бројот на посетители и да се помогне во финансирањето на достапно домување, соопштија денеска локалните власти, истакнувајќи дека четвртина од собраните средства ќе биде наменета за решавање на станбената криза во градот.

Регионалниот парламент на Каталонија усвои закон со кој се удвојува данокот за гостите што престојуваат во приватни туристички сместувања – од 6,25 на најмногу 12,5 евра по ноќ – во рамки на планот до 2028 година да се забрани краткорочното изнајмување, пренесува Ројтерс.

Од април, гостите во хотели ќе плаќаат од 10 до 15 евра по ноќ, во зависност од категоријата на хотелот, додека туристичката такса за посетителите што пристигнуваат со крузери останува шест евра.