Бебе старо само 23 дена починало во саботата на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“, а причината за смртта се уште се утврдува.
Од таа клиника за ХРТ потврдиле дека бебето било заразено со корона вирус.
Од болницата, пак, не можеле да потврдат дали короната е причина за смртта на бебето.Како што изјавија од болницата за ХРТ, повеќе детали ќе се знаат откако ќе пристигне извештајот од обдукцијата.
На истата клиника починала и една родилка заразена со коронавирус (42).
Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“ синоќа соопштила дека починатата родилка заразена со ковид-19 имала повеќеорганска инсуфициенција и покрај преземениот третман, пишува Индекс.хр.
Денеска Индекс дознава дека починатата родилка не била вакцинирана, што им го потврдил и заменик директорот на Клиниката за инфективни болести д-р Зоран Барушиќ.
