Беџети: Со овие листи, Ахмети пренесува пораки за победа – „Македонците нè сакаат во опозиција, но Aлбанците нè гласаат“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Носителите на листи кои ќе бидат од ДУИ, како Садула Дураку и Муса Џафери, би и донеле победа на партијата на Интегративците на изборите во мај, смета Блерим Беџети, организационен секретар на оваа партија. А доколку навистина победат, Беџети очекува ДУИ или Европскиот фронт да освои 21 пратеник.

„Садула Дураку е почитувано име, со извонреден придонес и во областа на албанското прашање. Тој е еден од соработниците на г. Ахмети и во активности надвор од ДУИ. Пораките што ги пренесува г. Ахмети со листите и структурите се за следната победа“, порача Блерим Беџети.

Беџети во Клик Плус на ТВ21 рече дека не верува дека постои Албанец кој би влегол во влада без уставните измени, одговарајќи на прашање што доколку ВМРО-ДПМНЕ бара коалиција со албанската опозиција ВРЕДИ. Во оваа прилика тој додаде дека и груевски и Заев сакале партијата на Ахмети да ја испратат во опозиција но не успеале бидејќи ја има поддршката од Албанците.

„И Никола Груевски велеше дајте ми 61, за да не ме условува ДУИ и Али Ахмети, и Зоран Заев велеше ДУИ во опозиција, и другите можат да зборуваат, но убеден сум да речам  и на секој граѓанин му е јасно дека ја сакаат ДУИ, не треба да елаборирам дека со другите ни е полесно, но Албанците за среќа ја сакаат ДУИ и ја гласаат. Легитимни сме преку нивниот глас“, вели Блерим Беџети.

Инаку, зборувајќи за носителите на листи кои се уште не се конечни, Блерим Беџети не негираше дека би бил носител на листа доколку партијата го побара тоа од него.