Бектеши: „Од другата недела може да се скрати полицискиот час“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за економија, Крешник Бектеши беше гостин во ТВ21 во емисијата “10МИНУТИ“. Тој зборуваше за различни теми, а истакна дека може да се случи полицискиот час да биде „ублажен“ во текот на идната недела.

„Во моментов нема препорака да се укине полицискиот час. До крајот на оваа недела ќе биде истиот“, најави Бектеши.

На прашање дали во тој случај ќе се скрати полицискиот час, Бектеши одговори:

„Оваа недела не. Но, од другата недела ќе се разгледаат сите можност да се скрати“, изјави министерот за економија.