Белгија издаде предупредување дека пронашла форманат во замрзнати јагоди од Србија, беше објавено на веб-страницата на Европскиот систем за брзо предупредување за храна (RASFF).
Според соопштението, консумирањето на ова овошје би претставувало сериозен ризик за здравјето на луѓето, се наведува на веб-страницата на RASFF.
За потсетување, ова не е прв пат оваа година Белгија да се соочи со проблем со овошје од Србија.
Во јануари, пронајде кадмиум во замрзнати малини од Србија, беше објавено претходно на веб-страницата на Европскиот систем за брзо предупредување за храна.
