БЕСА бара медиумски простор за изборите, го обвинува директорот на АВМУ за злоупотреба на службената положба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Движење Беса го обвинува директорот на АВМУ Зоран Трајчевски, дека работи во служба на партијата, , како што велат, на претходниот режим ВМРО дпмне -ДУИ, обидувајќи се на секаков начин да ја оштети  Беса. Од тамо се  жалат дека им се одзема минутажата која им припаѓа за рекламирање како втора најголема опозициска партија според резултатите на последните избори.

„Последната уредба што ја објави Агенцијата, за одредување на минутажа за политичките партии, иако во описот стои дека 6 минути им припаѓаат на најголемите политички партии кои на последните избори за пратеници добиле најмногу гласови, партиската агенција на ВМРО-ДПМНЕ, им наредува на медиумите сите 6 минути да им се дадат на партијата која ја избрал Зоран Трајчевски.“, рече Аријанит Хоџа од БЕСА.

Тв21 контактираше со директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски. Тој вели дека одлуката е донесена според законските уредби, а не според желбите на политичките партии.

„АВМУ не работи под никаков диктат на ниту една политичка партија. Одлуките кои ги носам  исклучиво според законот.“, рече Трајчевски.

Инаку пред неколку дена Движење Беса покрена кривична постапка против АВМУ. Од оваа Агенција реагираа дека изјавата за кривична пријава не може да се толкува поинаку од „обид за притисок врз Агенцијата“.