Бесими: Имаме тренд на намалување на инфлацијата, очекуваме стапката годинава да се преполови

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Министерот за финансии Фатмир Бесими гостувајќи во „10МИНУТИ“ на ТВ21 кажа дека очекува паѓање на инфлацијата, и дека сите политики на државата одат во насока тој пад да продолжи.

„Сите политики ги правиме во насока на намалување на инфлацијата. Во однос на реализација на буџетот, ззаклучно со 8. март имаме 9,8% повисока реализација на приходната страна за разлика од минатата година. Тоа што е на страна на расходите, 5,3% реализација повеќе во однос на лани. Притоа дефицитот е помал за 8,7% во однос на 2022 година. Ова зборува имаме фискална консолидација, намалување на јавниот долг и буџетскиот дефицит.

реклама

Ги продолжуваме политиките за намалување на инфлацијата и очекувам да биде 7,1% оваа година. Се очекува од минатата година да се преполови, каде беше 14,2%. Тоа е и генерален тренд“, изјави Бесими.

реклама
реклама
реклама