Без вода и без санирана канализација – жителите на Камник – Сингелиќ бараат решение

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ископав 4 бунари, од кои 2 од 22 метри, додека 2 од 80 метри.

Во населбата Камник во скопски Сингелиќ, жителите се соочуваат со недостиг на вода, додека поради тоа се принудени да копаат бунари. Освен тоа, велат дека канализационата цевка со години не е поправена.

„Тука сме во населбата Сингелиќ и како што гледате овде низ улицата тече вода, откако пукнала канализационата цевка“, вели репортерката на ТВ21.

Раиф Исени, жител на населбата за ТВ21 изјави дека минатото лето ЈП „Водовод и канализација“ ја отвориле дупката покрај патот за да го санира проблемот и потоа ја оставиле така, додавајќи дека жителите самоиницијативно биле принудени да ја покријат.

„Во моментов имаме проблеми со водоводната цевка и немаме вода. Пукна цевката, побаравме и од „Водовод и канализација“ да дојде да го санира проблемот, од летото доаѓаат и ја отвораат дупката, самоиницијативно ја покривавме затоа што ни ја оставија пред врата овде“, вели Раиф Исени.

„Овие цевки треба да се заменат бидејќи и овде често ни снемува вода овде доле. Овие се некаде F100, одамна се поставени. Другата работа е канализацијата, бидејќи целата оваа населба има 25 цевки, 25 цевки не се доволни“, вели Фејзи Шабани.

„30 години откако е поставена, поставивме приватно, кои можеа, но сега ослабе, многу куќи се изградија, 300 куќи таму, 6 илјади луѓе, 7 илјади, нема вода“, вели Азир Рушити.

„Се снаоѓаме,  со шишиња или резервоари за вода за пиење, бидејќи најосновното барање е вода. Бараме решение, бидејќи според буџетот што го имавме, направивме доволно“, вели Бесар Рушити.

ТВ21 побара одговор и од „Водовод и канализација“, но не ни кажаа зошто го запоставиле овој дел од Синѓелиќ, како што тврдат жителите. Но, при комуникација со нив од нас беше побарана точната локација на која се жалат жителите.