Три мечки биле убиени во рускиот Алтајски округ, во близина на границата со Казахстан, откако мечка нападнала и тешко повредила 15-годишно момче, соопшти денеска регионалното Министерство за природни ресурси.
„По нападот, три мечки биле убиени во близина на местото. Тешко е да се утврди дали едната од нив е мечката што го нападнала момчето, но истрагата сè уште е во тек“, се наведува во соопштението на Министерството, пренесува агенцијата РИА Новости.
Регионалното Министерство за здравство соопшти дека момчето се здобило со тешки повреди и било подложено на сложена операција. Неговата состојба е стабилна, но и понатаму е тешка.
