Фатмир Битиќи вечерва во „КликПлус“ на ТВ21 рече дека оваа влада ќе помогне во секој сектор, и порача граѓаните да се чувствуваат безбедно, затоа што, како што рече „за првпат има кој да се грижи за нив“.
„Кога зборуваме за приватната потрошувачка, зборуваме дека ние ќе се грижиме. Затоа беше важна поддршката на работодавачите, да ги задржат работниците. Планираме да ги поддржиме сите сектори. Затоа граѓаните и сите кои живеат во Македонија, да бидат безбедни затоа што има кој да се грижи за нив“, вели Битиќи.
