Битиќи со порака до колегите функционери – да се стави крај на дискусиите за двојазичност во компаниите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи  апелираше да се стави крај на  дискусиите за  можно воведување  двојазичност во приватните компании .Тоа што денеска зборуваме на три јазици покажува колку една економија е конкурентна, порача Битиќи на потпишувањето на договорот со германски WIK. 

Вицепремиерот го остави отворено прашањето за етничките вработувања во приватните компании . На прашањето дали спроведувањето на оваa мeрка ќе значи и екстра трошење Буџетски пари вицепремиерот одговори

„Не знам каде го видовме расфрлањето со народни пари. … Хипотетички е ,тоа е исто како да ме прашате дали ако планираме капитални инвестиции од 1 милијарда, Буџетот ќе може да издржи?…Во овој момент е само хипотетички да кажам дали ќе издржи или нема да издржи затоа што немам ништо на маса“, посочи Фатмир Битиќи.

Деновиве  министерот за економија Крешник Бектеши  потенцираше дека ќе стори се мерката за етнички вработувања во приватните фирми да се реализира.

„Ако ме прашате мене како министер за економија ќе ги направам најголемите напори за таа мерка да почне да се реализира. Ќе барам од владата со донесувањето на предлог буџетот за наредната година такви средства да бидат предвидени“, истакна Крешник Бектеши.

Вицепремиерот Битиќи истакна дека до петок  ќе се знае состојбата со Буџетот  и спроведувањето на четвртиот сет економски мерки.

„Најверојатно во петок касно ќе имаме јасен став што значи капацитетот во овој момент од страна на Буџетот на намалување на расходната страна и ослободување на дел од средствата  за четвртиот пакет ќе можеме да одговориме на прашањето колку ќе тежи…. Но тој и овој пат како и секогаш ќе тежи онолку колку што навистина на економијата и е потребно“, додаде Битиќи.

 Вицепремиерот Битиќи денеска потпиша Договор за државна помош со генералниот менаџер на германската компанија –ВИК, Вернер Шојб. Со договорот се предвидува нова втора инвестиција на германската компанија во вредност од  2,5 милиони евра и  дополнителни 100 нови вработувања .