Биткоинот достигна вредност од 50.000 американски долари

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Растурена свадба и затворен ресторан во Тетово

Во Тетово вечерва е затворен хотел и растурена е свадба, јавуваат од Државниот пазарен инспекторат, пренесува „Плус Инфо“. Полицијата го...

Коневски: Му посакуваме на Мицкоски што побрзо да оздрави и потоа да даде отчет пред делегатите

Екс градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски го повика сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да даде отчет за сработеното...

Во хеликоптерска несреќа загина пратеникот Оливие Дасо, еден од најбогатите Французи

Шеесет и деветгодишниот француски милијардер, најстар син на Серж и внук на Марсел Дасо, денеска загина во хеликоптерска несреќа....

Четири силни експлозии во Екваторијална Гвинеја, причините непознати (ВИДЕО)

Градот Бата во Екваторијална Гвинеја денеска беше потресен од четири силни експлозии, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на локалните...

Во Лион се евакуирани 4.500 жители поради бомба од Втората светска војна

Бомба од 230 килограми со 150 килограми експлозивно полнење е пронајдена во 9-от арондисман на Лион на градилиште за...

Биткоинот денеска за првпат ја премина цената од 50.000 американски долари, продолжувајќи го својот забрзан раст. Сепак, овој премин на големата психолошка граница траеше кратко, падна под оваа граница и вредеше 49.235 долари.

Биткоинот доби поттик по веста дека големите компании „Тесла“, „Мастеркард“ и „БНИ Мелон“ инвестираат значителни средства во криптовалути.Минатиот понеделник, компанијата на Елон Маск, „Тесла“ соопшти дека купила 1,5 милијарди долари биткоин како дел од новата стратегија за инвестиции и наскоро ќе го прифати како начин на плаќање за нејзините автомобили.

Аналитичарите предвидуваат бавен развој кон широко распространета употреба на биткоинот за плаќање стоки и услуги.Биткоинот генерално се перципира како залиха на вредност, како злато, со многу малку простор за трошење.

Неодамнешна студија на Дојче банк покажува дека инвеститорите сметаат дека биткоинот е најекстремниот балон на финансиските пазари.