Бизнисмените од ГТЦ на протест пред влада, „броилата од времето на Тито, плаќаме паушални сметки“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сопствениците на бизниси во ГТЦ ја блокираа улицата пред владата. Преку протест бараат итно решение на многуте проблеми во трговскиот центар и спроведување на легислативата. Велат дека три години алармираат за неекономичното работење со АД ГТЦ, плаќајќи паушални сметки за струја и другите услуги, што е на штета на нивниот и на државниот имот.

Демонстрантите бараат директни договори за снабдување од лиценциран снабдувач на електрична енергија, заедничко менаџирање од сите сопственици на деловни простории во ГТЦ, договори за централно греење со лиценциран снабдувач и греење контролирано од заеднички административен орган во ГТЦ.

Никој од Владата не ги прими денеска на средба бизнисмените но им рекоа дека ќе ги повикаат.

Инаку, во ноември минатата година новинари влегоа во подрумот на ГТЦ каде открија опрема за копање крипто валути. Сопствениците на дуќани се пожалија дека им се краде електрична енергија а потоа плаќаат високи сметки за струја. ТВ21 неколку пати известуваше за проблемот на бизнисмените во ГТЦ кои плаќаат паушални сметки.