200 до 400 денари е одредената цена за земјиштето на кое ќе се гради автопатот Скопје – Блаце. Ова предизвика незадоволство кај сопствениците на земјиштето кои што неколку пати го изразија нивниот револт.
Но како е проценето земјиштето по оваа цена? Властите велат дека Блаце е планинско место, главно со мали дрвја и земјоделско земјиште. Проценителот на земјиште, Антонио Георгиев вели дека има неколку моменти каде земјоделското земјиште може да се трансформира во градежно, но во текот на отуѓувањето тоа повторно останува како земјоделско земјиште и затоа има ниска цена.
Жителите бараа повисока цена за земјиштето, но Георгиев вели дека само две парцели во должина од 12 км можат да достигнат цена од 50 евра по метар квадратен.
Жителите на Блаце велат дека им е нанесена неправда во однос на други сопственици на чие земјиште се градени автопати при што им била исплатена повисока цена. Но Георгиев изјави дека исто било проценето и земјиштето за автопатот Кичево – Охрид, Струмица – Радовиш.
Претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа вели дека понудената цена е реална.
-Имајќи предвид дека тој дел е планиран за автопат, еден дел се однесува на рурална зона, цената на земјиштето е приближна со тој регион и има утврдена вредност. Има моменти кога сопствениците бараат повисока сума од реалната вредност.-рече Хоџа.
И Георгиев и Хоџа потсетија дека жителите на Блаце можат да се жалат на суд.
Инаку земјиштето треба да се отуѓи бидејќи треба да се изградат првите 2 км од автопатот Скопје – Блаце. Ова беше најавено за мсец март, но како што се чини почетокот на работите се уште е далеку.
