Бочварски на прес конференција на новинарско прашање, спомна дека за патот Градско-Прилеп, е ангажирана компанијата Страбак, додека за делот Фариш-Дреново е избрана компанијата Синохидро од Кина, за која како што кажа, ќе започне да работи за 2-3 недели.
Бочварски напомена дека оваа влада е фокусирана да ги реши проблемите од минатото и да се фокусира кон завршување на проектите од програмата на владата.
