Боинг изгубил околу 4 милијарди евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот производител на авиони Боинг објави дека најверојатно изгубил околу четири милијарди долари или околу 3,8 милијарди евра во четвртиот квартал и забележал пад на акциите од 5,46 долари или 5,2 евра.

Ваквиот биланс е резултат на бројните проблеми во компанијата, кои започнаа минатата година со инцидент на еден од авионите во текот на летото, а завршија со голем штрајк и отпуштања, пренесува Б92.

Компанијата предвиде приход од 15,2 милијарди долари или 14,5 милијарди евра, што е помалку од очекувањата на аналитичарите.

Боинг нема годишен профит од 2018 година.

Американскиот производител се бореше да ги врати своите поранешни позиции минатата година, откако затворачот на вратата експлодираше во воздух на летот на Алјаска ерлајнс во јануари минатата година.

Тоа предизвика нова безбедносна криза во компанијата, која се обидуваше да ги надмине последиците од две фатални несреќи во 2018 и 2019 година.