Бој Џорџ: Спиев со Принс!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На снимањето на новата епизода на британското музичко шоу „The Voice“ изјавата на новиот член на жирито ја остави публиката без текст, а камерите се исклучија.

Имено, британскиот пејач Бој Џорџ ги шокираше сите присутни кога во студиото изјави дека спиел со американскиот музичар Принс. Тоа се случи во текот на неодамнешното снимање на новата епизода, а поради реакцијата на публиката камерите престанаа да снимаат.

Џорџ со колешката Палома Фејт разговарал за славните музичари со кои соработувал.

– Јас настапував со Принс – рекла пејачката, на што Бој Џорџ и одговорил:

– Заборави на тоа, мила, јас спиев со Принс.

Продуцентите побрзале да го прекинат снимањето, а публиката останала шокирана, бидејќи со својата изјава Џорџ случајно открил дека Принс е хомосексуалец.