Бојаџиев: Македонија е навикната на долгогодишни вета – „Горчлива ситуација која драматично го намалува кредибилитетот на ЕУ“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Професорот Марјан Бојаџиев од Американ Колеџ Скопје гостува вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 каде разговараме околу тоа каде ќе биде Западниот Балкан во 2035-та година.

Тој вели дека Македонија е навикната на долгогодишни вета и тоа, според него, е сериозен проблем.

„Ние сме навикнати на долгогодишни вета и тоа е навистина сериозен проблем, и една горчлива ситуација која драматично го намалува кредибилитетот на Европската Унија“, вели Бојаџиев.

Со професорот Бојаџиев разговаравме и за неодамнешната Меѓународна конференција на која беа предвидени три можни сценарија за Западниот Балкан.

Тој истакна дека од тие три можни сценарија се предвидело дека до 2035 година, во најдобар случај, во ЕУ ќе влезат четири економии.

„Тие четири очигледно се Србија и Црна Гора коишто веќе преговараат, и евентуално Македонија и Албанија“, додава Бојаџиев.

Во продолжение целата изјава: