Дали Бугарија повторно може да го искористи своето право на вето, па да не можеме да влеземе во ЕЕА?
На ова прашање во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 одговор ни даде професорот Марјан Бојаџиев од Американ Колеџ.
Тој посочи дека не му е јасно зошто во моментов Владата не ја тужи Бугарија поради тоа што го прекршува Договорот и покренува вето за нешто што и самата се обврзала дека нема да го попречува патот кон ЕУ.
„Едно е да ја попречувате Македонија, друго е сите шест земји. Теоретски постои можност, но за што би било ветото?, Како пишувал и мислел Гоце Делчев за Европската економска асоцијација? Тоа малце би било вон памет“, порача Бојаџиев.
