Бојкот на наставата во Јаболчиште – родителите се соочија со директорот на училиштето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Над 120 ученици ја бојкотираат наставата во училиштето во Јаболчиште. Бројот на ученици во паралелките е преполовен. Отидовме таму за да видиме колку ученици отсуствуваат.

-Наставнику ќе ни кажете ли колкумина отсуствуваат во паралелката?

-7 се присутни а 14 отсутни

-Колку ученици отсуствуваат?

-27

Директорот на основното училиште Лирија во Јаболчиште денеска  дебатираше со претставникот на родителите кој рече дека бојкотот е поради условите во училиштето.

„Овде се околу 187  потписи со име и презиме од 187 родители. Од овие родители ретко кој има едно дете, имаат две, три до четири деца, сметајте некаде околу 200 деца. Причината за бојкотот  е дека во школото нема услови и не политизираме“, истакна Рамадан Амзаи, родител.

Директорот на училиштето, Јусуф Јашари вели дека мотивите се политички.

„Ги спомна потписите, и многу други околности. На ТВ21 рече дека причините се условите но на тоа барање за петиција со 84 потписи не беа наведени условите, само пишуваше дека мотивите се политички“, посочи Јусуф Јашари. 

Родителите велат дека нема да се повлечат од своите барања да се разреши директорот и да се назначи нов директор. Исто така бараат реновирање на училиштето во село Долно Јаболчиште.