На денешното рочиште за „Рекет“, од Бојан Јовановски беше побарано да објасни за договорите околу маркетинг на 1ТВ со повеќе компании. Тој рече дека тоа биле легално стекнати пари, кои подоцна биле криманлизирани.
„Во ТВ постоеше маркетинг сектор, го раководеа директори. Имаше лице кое беше задолжено за медиа планирањето и сме остварувале контакти со компании и маркетинг агенции. Јас лично сум имал состаноци со повеќе сопственици со повеќе компании со кои имаме склучено легални договори кои биле реализирани од двете страни. Бевме сериозна телевизија која што остваруваше реални и легални приходи, кои подоцна низ пропаганда, низ измислен предмет ги криманилизираа, и затоа сме сега тука каде што сме“, рече Јовановски.
