Бојан Јовановски пред судот денеска понуди шифри со кои, како што вели, ќе се дознае вистината за предметот, бидејќи Зоран Милевски – Кичеец снимал се живо.
„Се нудам да ги дадам шифрите, ги знам на памет, но и ги имам запишано, за овој предмет да не заврши штуро“, рече Јовановски.
Претходно Боки рече дека Кичеец бил присутен на голем дел од состаноците и секогаш прв доаѓал за да намести уреди за незаконско снимање на состаноците.
