Помина една година од незаборавниот масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.
Токму во петок, во 20:30 часот на РТС 1 ќе биде пуштен документарниот филм „Болка“.
Во документаниот филм се зборува за убиените, нивните соништа, последниот ден односно кобниот ден 3 мај 2023 година, одговорноста, реакцијата на општеството за злосторството, меморијалниот центар, но и дали нешто се сменило од тој ден.
Инаку, тринаесетгодишен ученик, за кој може да се каже дека е меѓу најмладите масовни убијци во светот, но со најголем број жртви, влезе во своето училиште и уби девет соученици и еден училишен чувар, а ранети беа уште петмина.
Тој нема да одговора за своето злосторство, бидејќи, според законот, тој немал наполнети 14 години, и моментално е на лекување на Психијатрија.
Една година подоцна, родителите сè уште немаат одговори на повеќето прашања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
- Една година по страшната трагедија во Србија: Ученик уби 9 соученици и еден чувар
- Медиумите ja прекинaa програмата со едноминутно молчење за настраданите од Рибникар
