Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон итно е примен во болница на дополнителни тестови, поради симптомите на коронавирусот. Џонсон е еден од скоро 48.000 Британци што го имаат смртоносниот вирус.
„Премиерот е хоспитализиран поради симптомите кои ги има на коронавиурс, иако поминаа десет денови откако тестот беше позитивен“, изјави портпаролката на Даунинг стрит.
