Борусија Дортмунд сензационално го елиминираше ПСЖ и се пласираше во финалето на ЛШ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампионите, откако и на реваншот го совлада тимот на ПСЖ со истиот резултат како на првиот меч. Со тоа со вкупни 0-2, „милионерите“ дојдоа до своето трето финале во истријата на најелитното европско натпреварување после 1997 и 2013 година. Во 1997 година го освоија трофејот, засега единствен во ова натпреварување.

Херој на „милионерите“ беше Матс Хумелс кој во 50 минута го совлада Донарума по изведениот корнер од Бранд, но и потоа имаше многу успешни интервенции во одбраната пред налетите на „светците“ преку Мбапе, Дембеле, Хакими…

Мора да се напомене дека ПСЖ немаше среќа, и четири пати ја погоди рамката од голот на Кобел на овој натпревар, а во првиот меч двапати го стори тоа.

Борусија Дортмунд во финалето во Лондон ќе го чека подобриот од мечот Реал Мадрид – Баерн Минхен кој се игра на „Сантијаго Бернабе“, а по првиот меч беше 1-1.