Босна и Херцеговина ја презеде контролата врз своето небо

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Парламентарниот комитет за просторно планирање, сообраќај, инфраструктура и телекомуникации го усвои Предлог-законот за ратификација на договорот за трансфер на надлежности за обезбедување на услуги за воздушен сообраќај меѓу Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, јави Танјуг.

Предлогот, кој беше испратен на разгледување до српските пратеници, предвидува надлежната агенција на БиХ да ги преземе сите услуги за воздушна пловидба, односно контролата на летање на територијата на оваа земја.

Како што е објаснето, причината за промените е што дел од овие услуги, според претходниот договор, ги извршуваше српската агенција, а во меѓувреме, агенцијата во БиХ се модернизираше и може да ги контролира летовите над сопственото небо.

Контролата на небото над БиХ од 1997 година заеднички ја вршеа Контролата на летање на Србија и Црна Гора (СМАТСА) и Хрватската контрола за воздушна пловидба.