Бразил одигра одлична партија против Јужна Кореја во 1/8 финалето, и за кратко време ја обезбеди победата за пласман меѓу најдобрите осум, и дуел со Хрватска во 1/4 финале.
„Кариоките“ го решија победникот во само 36 минути игра, кога поведоа со убедливи 4-0.
Винициус во 7. минута погоди после одлична акција, а Нејмар од пенал во 13. минута зголеми на 2-9. Ричарлисон по една супер акција донесе 3-0 во 29. минута, додека Пакета во 36. минута стрелаше за 4-0 за Бразилците.
Кореа успеа само да намали преку Паик Сеунг-Хо во 76. минута.
Бразил во 1/4 финалето ќе игра против Хрватска на 9. декември. Хрватите претходно на пенали ја совладаа Јапонија.
Утре се комплетираат 1/4 финалните двојки, со дуелите Мароко – Шпанија и Португалија – Швајцарија.
