Брисел денеска под блокада поради големи протести

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Илјадници Белгијци излегоа денеска на улиците на Брисел за да протестираат против планот за пензиски реформи на новата влада, на првиот ден од повеќедневниот штрајк кој го запре целиот авиосообраќај во земјата.

Аеродромот во Брисел денеска откажа 430 летови, изјави портпаролот на аеродромот, додавајќи дека прекинот во секторот на воздушниот сообраќај ќе трае само еден ден, пренесува Ројтерс.

Демонстрантите држеа транспаренти со зборовите „Ние не сме лимони“ и латински фрази, кои често ги користи новиот премиер Барт Де Вевер, наведува агенцијата.

Се очекува штрајкот да го наруши јавниот транспорт и поштенските услуги , додека пожарникарите и воениот персонал исто така се приклучија на протестите.

Со планираната пензиска реформа би биле наградени оние кои наполниле 35 години стаж и ја достигнале старосната граница за пензионирање, додека оние со ист број години стаж, а се уште не ја достигнале старосната граница за пензионирање практично би биле казнети.