Преполн патнички автобус излета од патот и падна во провалија, при што загинаа најмалку 21 лице. Претходно беше објавено дека се осум загинати, а во меѓувреме бројката на настрадани драстично се зголеми.
Несреќата се случила во раните утрински часови во недела во планинската област во близина на градот Котмале, околу стотина километри од главниот град Коломбо.
Автобусот превезувал 70 патници, или 20 повеќе од дозволениот број, откако возачот загубил контрола и автобусот излетал од патот.
