Бројките скокаат и во Србија – нови 752 случаи на коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Според последните информации, денеска Србија регистрира нови 752 случаи на коронавирус. Битката со Ковид-19 ја загубија четири лица, додека 15 пациенти се наоѓаат на респиратор.

Инаку во болниците низ Србија во моментов има 703 пациенти со потврден коронавирус.

Српските власти истакнуваат дека големиот број на заразени доаѓаат од Грција или од Хрватска, каде биле на годишен одмор.