Бројот на отворени работни места во Соединетите Американски Држави се зголеми во мај за 374.000 на 7,769 милиони на годишно ниво, објави денес Бирото за статистика на трудот на САД.
Ова е највисокото ниво од ноември 2024 година и значително над пазарните очекувања од 7,3 милиони, објави „Трејдинг економикс“.
Највисок раст е забележан во секторот за сместување и угостителство, каде што се создадени 314.000 работни места, по што следуваат финансиите и осигурувањето со зголемување од 91.000 вработени.
