Со денешните 10, бројот на починати од коронавирус во Македонија надмина 1000 лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со денешната статистика и 10-те починати пациенти од коронавирус, во Македонија бројот на починати лица надмина 1000 и изнесува 1004 лица.

Починати се 10 лица, четворица пациенти од Скопје (67, 58, 64 и 76г), двајца од Прилеп (70 и 73г), еден пациент од Битола (52г), еден од Охрид (77г), еден од Кочани  (48г) и еден пациент од Пробиштип (76г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 32436, бројката на оздравени пациенти е 21090, на починати е 1004, а бројот на активни случаи изнесува 10342. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: