Почина уште едно лице од коронавирусот, при тоа бројот на починати од овој вирус во земјава изнесува 4. Од МЗ известуваат дека станува збор за 66 годишна жена од Струга, која според лекарската документација имала срцева и хрочнична белодробна болест и покачен крвен притисок. Според анализите на епидемиолошката анкета, семејството на жртвата по воведувањето на вонредната состојба, на 13 март биле на гости во Дебар и имале контакт со еден од заразените лекари.
Во последните 24 часа регистрирани 22 нови случаи со Ковид-19.
СПОРЕД МЕСТОТО НА ЖИВЕЕЊЕ НА ЗАРАЗЕНИТЕ СО КОВИД-19
СКОПЈЕ 9
КУМАНОВО 3
СТРУГА 3
ТЕТОВО 2
ДЕБАР 2
ПРИЛЕП 2
БИТОЛА 1
Вкупната бројна на заразени досега изнесува 241. Во Дебар, Куманово и Струга се регистирани и првите жртви.
Исто така во текот на вчерашниот ден се тестирани сите вработени во Клиниката за кардиологија, и сите тестови биле негативни.
Во меѓувреме, првото заразено лице во Битола е лекар, кој работи во Болницата за гинекологија и акушерство – Плодност. На Фејсбук, докторот објасни како се заразил и вели дека веќе три недели во болницата биле редуцирани прегледите, освен итните случаи и породувањата.
-Во последните 60 дена знам дека мојата релација на движење била Болница „Плодност“- дома и обратно (едната од другата раздалечени најмногу 300метри) и никаде на друго место.Тоа значи дека вирусот е добиен од некоја пациентка која била на преглед и покрај почитувањето на сите епидемиолошки мерки во нашата болница (дезинфекција на раце, носење маски и визири и да не зборувам за нон стоп бришењето на подовите и другите површини со дезинфекциони средства).-напиша Трпчевски.
А од денес претпладне, Болницата Плодност е ставена во целосна изолација.
