Бројот на починати од Ковид-19 во Словенија се искачи на три лица, 414 заразени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во клиничкиот центар во Љубљана, денеска почина третиот пациент заразен со Ковид-19 вирусот. Тоа е третата жртва, соопшти министерството за здравство на оваа земја.

Станува збор за 67-годишен маж кој бил донесен во болница пред неколку дена, но имал и претходно неколку болести.

Во претходните два случаи во Словенија, се работеше за стари лица.

Во Словенија бројот на заразени изнесува 414 лица.