Најмалку 17 лица, меѓу кои и двајца пилоти, загинаа денеска во авионската несреќа на аеродромот Каликут во индискиот град Керала, пренесува „Ер Индија експрес“.
Во изјавата, авиокомпанијата додаде дека четворицата членови на екипажот на летот биле „потврдени безбедни“.
Министерот за цивилна авијација во земјата претходно изјави дека 16 лица загинале во несреќата.
