Бројот на загинати од земјотресот во Турција достигна 49 лица, регистрирани 833 помали потреси

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројот на загинати во земјотресот во западна Турција достигна 49 лица, соопшти Агенцијата за вонредни состојби и управување со катастрофи (АФАД). Повредени се 896, се вели во соопштението.

АФАД, исто така, соопшти дека по најсилниот земјотрес следувале уште 833 помали земјотреси, а 40 биле посилни од четири степени по Рихтеровата скала.

Продолжува потрагата по преживеани од урнатините во егејскиот регион во покраината Измир.

Од болниците се испишани 667 повредени лица, а 229 лица се задржани на лекување.