Брзи тестови достапни во дел од аптеките – за поевтина сума и 30 минути сами може да се тестирате

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Македонија по примерот на многу други земји, од неодамна почна со продажбата на брзи ковид тестови во аптеките. Со тоа граѓаните добија можност за поевтина сума да направат тест кога ќе посакаат и првично да дознаат дали се позитивни на корона или не. За разлика од официјалните лабораториски тестови кои се неколку кратно поскапи, овие брзи тестови чинат околу 500 денари.

„Македонија по примерот на Србија, почна по аптеките да продава брзи Ковид тестови. Ова е е една од аптеките каде што се продаваат вакви тестови, а сега ќе провериме дали навистина ги има….“, истакна репортерката на ТВ21.

За брзите тестови важно е да се следи упатството и да се земе правилно брис од нос кој пота се допира на одредена точка на тестоти и за неколку минути се добива резултатот во домашни услови.

„Брзиот ковид тест се состои од неколку елементи, ова е брис, реагенс и тест касета. Постапката која што треба да ја направите одкако ќе го купите овој брз тест е да го отворите брисот, и што е можно подлабоко да го ставите во носната шуплина. Потоа го отворате реагенсот и брисот го ставате неколку секунди внатре. Откако ќе ќе ја отворите тест касетата ја ставате на рамна и сува површина и ставате неколку капки од реагенсот во отворот. По оваа постапка го оставате 20-30 минути тестот кој ќе покаже дали сте позитивни или негативни на Корона“, додава репортерката на ТВ21.

Од Агенцијата за лекови велат дека тестовите првично беа користени само за овластените лаборатории и министерството за здравство.

„Сега искуствено од земјите од Европската Унија кои ги пуштија во продажба таканаречените брзи тестови, и ние скоро во соработка со Министерството за здравство ги одобривме. Сепак треба да се напомене, дека ова се индикативни тестови и нема да се официјани тестови, кои остануваат да се прават во овластените лаборатории“, посочи Лирим Шабани.

Брзите тестови веќе подолго време ги има во европските земји и се делат бесплатно со цел да се направи помасовен скрининг и да се спречи ширењето на вирусот. Инаку овие брзи тестови не се земаат како показател за да може да патувате преку граница бидејќи секаде бараат официјален ПЦР.