Бучковски: Ќе најдеме решение со Бугарија – на 8 декември мали се шансите да ги почнеме преговорите со ЕУ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Грција ја продолжи забраната за влез во земјата до 8. февруари

Од денеска стапува во сила новата, продолжена одлука на грчката Влада за забраната за влез во Грција на државјани...

409 санкции за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (21/22.01.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење...

Почина познатата глумица Мира Фурлан

Познатата глумица Мира Фурлан, почина на 65. години, објавено е на нејзиниот профил на „Твитер“, а пренесоа голем дел...

Силен земјотрес утрово го погоди грчкиот остров Крит

Силен земјотрес со јачина од 4,6 степени, утрово го погоди грчкиот остров Крит. Земјотресот бил со епицентар во морето,...

Семејството Бајден постави нови украси во Белата куќа по заминувањето на Доналд и Меланија

Новата администрација на американскиот претседател Џо Бајден, се чини, не само што ќе ја промени државната политика, туку веќе...

Ден по именувањето за специјален претставник за Бугарија, екс премиерот, Владо Бучковски нема некаква надеж дека би можело да се случи чудо и да ги почнеме преговорите со Европската унија. Тој сепак вели дека е убеден дека ќе се надмине спорот со источниот сосед во некое догледно време.

„Не знаеме дали може за една недела да се случи чудо. Но и тоа што ме увери министерот е дека до последен момент ќе треба да се бориме да се изнајде решение. Убеден сум дека ќе најдеме решение но не за 7 дена. Можеби ќе биде потребно дополнително време но сме на вистинскиот пат“, истакна Владо Бучковски.

Што конкретно ќе преземе и со кого ќе има средби и разговори, ако се знае дека нивото на контакти е Заев со Борисов, а Османи со Захариева. Бучковски не открива, вели дека го има искуството и,  како што вели одгласите од влијателни кругови на Софија. Вели дека требало посериозно да се користат инструментите од договорот.

„Интензивно работи нашата Комисија, имаме инструменти кои ни ги дава Договорот за пријателство и соработка, ако тие инструменти и досега се користеа немаше да дојде до оваа криза“, додава Владо Бучковски.

За министерот Османи именувањето на Бучковски за специјален претставник ќе биде зголемување на довербата во политичкиот дијалог меѓу двете земји.

„Мислам дека господинот Владо Бучковски ќе биде значителен фактор кој што ќе ја врати довербата дека Владата е посветена преку назначување на луѓе од тој калибар како што е еден поранешен премиер, кој штоп ќе ги следи акциските планови, кој што ќе ја координира комуникацијата со Република Бугарија и со тоа ќе се надминат разликите кои што постојат“, посочи Бујар Османи.

На прашањето кои се критериумите според кои е избран Бучковски за специјален претставник, од Владата истакнаа дека се работи за личност со големо искуство и познавање на состојбите со Бугарија. За ВМРО-ДПМНЕ назначувањето на Бучковски е очаен обид да се најде жртва за поразот на Заев да му  се препише на Бучковски.Инаку во вторник во Брисел ќе се одржи состанокот на Советот на министри на кој Македонија се поизвесно е дека ќе добие вето од Бугарија.