Последните 5 години 30 отсто од буџетот беше за албанската култура во рамките на проектите со национален интерес. Во времето кога министер беше Хисни Исмаили, буџетот беше 40 отсто. Ова година, министерката за култура, Ирена Стефоска одлучи само 16 отсто од буџетот да биде за албанските проекти. Државниот секретар во Министерство за култура, Валмир Азири, вели дека ова создава преседан во иднина уметничкиот процес да стане технички процес.
„Целиот процес законски и пропаѓа на министерката“, истакна Валмир Азири.
-Вака функционирало секогаш?
„Не, не функционирало, сите претходни министри, сум работел со 3 министри, пред министерката Стефоска, сите биле „опен мајндет„ министри, имаше сеопфатен процес, беа вклучени сите важни културни актери во земјата и горе-долу бил донесена програма која била прифатена од сите страни“, посочи Валмир Азири.
-Значи сте имале некаков консензус?
„Не консензус меѓу нас функционерите, туку консензус на уметничкиот свет, меѓу уметничката заедница имало некаков консензус“, додава Валмир Азири.
Азири вели дека програмата е направена според гледишта на министерката за култура, а верува дека таа не постапила правилно. Во неможност да интервенира законски, државниот секретар упати апел програмата да се разгледа повторно, бидејќи, како што вели, прекинати се важни проекти за Албанците. Но како што изгледа Стефоска не планира такво нешто. Од нејзиниот кабинет и денеска велат дека го повторуваат ставот дека според Министерството одлучува за резултатите согласно законот.
„Во рок од 15 дена од добивањето на решението, незадоволните учесници на Конкурсот имаат право да поднесат жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапки во работен однос од втор степен“, велат од Министерството за култура.
Со резултатите од конкурсот не се согласува ниту заменик министерот Седат Сулејмани, но тој и во изјава за ТВ21 пред неколку дена рече дека е заобиколен во процесот, со образложение дека тоа е надлежност на Министерството.
Но албанската опозиција не сака ни да слушне за такво нешто. Младите од коалицијата АА-ААА и подарија на министерката две кукли како симбол дека и заменик министерот и секретарот играат улога на кукли во ова министерство.
Објавувањето на резултатите за проекти од национално значење предизвика реакции и незадоволство кај многу уметници, издавачи и организатори на албански фестивали. Побараа повлекување на резултатите, но како ќе се постапи и дали ќе се преземе нешто, сè уште останува прашање.
