Тони ѓубре ја преполнија црногорскиот туристички град Будва, поради штрајкот на вработените во работната единица „Чистота“ на градското комунално претпријатие, кои бараат исплата на платите за декември и јануари.
Штрајкот влезе во петтиот ден, а претставникот на работниците Шпејтин Кељменди за „Вијеси“ изјави дека не се откажуваат од своите барања, затоа што, како што рече, луѓето нема од што да живеат.
Општинската инспекција вчера донесе одлука дека градот мора да се исчисти, но работниците се истрајни во своите барања.
