Бугарија разочарана од усвоената резолуција – Ружин: Ќе имаат негативна реакција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со аплауз и мнозинство вчера Собранието ја донесе резолуцијата, а од Бугарија засега без големи реакции.

„Истовремено, за нивните услови за прием во Европската унија, Бугарија не направи никакви опструкции. Немаме поставено ништо ново или неиспоилнително. Единственото нешто за кое се стремиме е брзо и ефективно да се исполнат прифатените задолженија, а и ние секако ќе го прифатиме задолжението да и помогнеме на државата, за побрзо и поефективно членство“, истакна Димитар Гарден.

Поранешниот дипломат и универзитетски професор Нано Ружин за ТВ21 вели дека Бугарија ќе има негативна реакција за донесената резолуција.

„Конечно се утврдени тие линии и е разоткриена некоај да кажеме теорија на заговор или некои форми на скриена дипломатија, дека некој сака да ги продава националните интереси и тоа е добро, бидејќи сега македонскиот народ знае дека не се работи за никаква игра туку за чесни преговрои кои за жал многу тешко се одиваат заради самата специфичност и реакцијата на Софија“, посочи Нано Ружин.

Донесениот документ ја обврзува Владата во преговорите со Бугарија за надминување на блокадата за почеток на пристапните преговори со ЕУ да ги почитува: континуитетот на македонскиот јазик и неговите дијалекти, како и да се почитува автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет, сето тоа базирано на сознанија на науката и утврдените факти, теории и истражувања и почитување на меѓународното право.