„Бугарите да бидат вклучени како државотворци, не како малцинство“ – Заедничката седница откажана

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Заедничката седница на владите на Северна Македонија и Бугарија во Скопје е откажана бидејќи „нема договорен документ“ што би укажал на напредок во преговорите, изјави шефицата на кабинетот на премиерот на Бугарија, Лена Бориславова.

Таа негира дека Софија е изложена на „силен надворешен притисок“ поради деблокирањето на почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ. Таа нагласи дека „Бугарија не бара малцинство“ во земјата, туку вклучување на Бугарите како државотворен народ  во Уставот на Северна Македонија, за да ги имаат сите права што ги уживаат другите народи.

Запрашана за „очекувањата на бугарското општество Петков да потпише документ со Скопје“, Бориславова изјави дека такво нешто во моментов не се очекува.

„Oчекуваме резултати. Работат министерството за надворешни работи на Бугарија и МНР на РСМ и тогаш кога ќе има вистински резултати ќе биде се јавно објавено. Тоа што Владата во Бугарија и лично премиерот всушност сакаат да го видат е подадената рака за дијалог и навистина да видиме некаков доказ дека РСМ има сериозен однос за справување со говорот на омраза и дискриминација на Бугарите во РСМ. Тоа се следните чекори кои ги чекаме и после тоа ќе може да ја продолжиме работата, но двете министерства работат“, вели Лена Бориславова.