Бугарската амбасада во Скопје испрати протестна нота до македонското МНР

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, испрати протестна нота до Министерството за надворешни работи на Македонија, поради решението на царинските власти да не дозволат влез во земјата пратка од 920 книги за бугарскиот културен информативен центар во Северна Македонија.

Копиите на „Бугарските народни песни“ од браќата Миладинови, ги пренесувал бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, кој, како што пренесуваат бугарските медиуми, прикажал и договор за донација.

Бугарското МНР испрати и Конзул од бугарската амбасада во Скопје на лице место, сепак, царинските власти прво изјавиле дека требало специјална дозвола од Министерството за надворешни работи во координација со Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Со протестната нота Амбасадата бара објаснување зошто е потребна дозвола за увоз на литература од земја-членка на ЕУ, што не е регулирано никаде и апсурдно е да се случи од земја која претендира да биде дел од ЕУ.

Од бугарската Амбасада информираат дека ќе бидат информирани и амбасадите на другите земји членки на ЕУ за овој скандал.