Бугарски МИГ-29 се урнал во Црното Море во текот на воена вежба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бугарски авион Миг-29 се срушил во текот на воена вежба над Црното Море, потврди бугарскиот министер за одбрана Георги Панајотов.

Вежбата „Шабла 2021“ во која учествувале и ловци на српската авијација, е прекината поради уривањето.

Останатите авиони кои учествувале во вежбата, безбедно се вратиле во базата.

Бугарскиот ловец и натаму не е пронајден, а во тек е потрага за авионот во која учествуваат и бугарската морнарица и специјалните единици, како и граничната полиција.