Бујар Османи за ТВ21: Нема никаков договор со ВМРО-ДПМНЕ, ниту со СДСМ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По информациите кои се појавија во одредени портали дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се договориле за формирање коалиција и дека ВМРО-ДПМНЕ прифатиле да има премиер Албанец, ТВ21 контактираше со Бујар Османи од ДУИ.

Тој истакна дека нема никаков договор со ВМРО-ДПМНЕ, а додава дека нема договор ни со СДСМ.

Османи воедно посочи дека ДУИ не е извор на ваквите информации.

Инаку, одредени портали вечерва објавија вест дека “паднал” договор помеѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ за премиерската позиција која според овие информации двете партии во 4-годишниот мандат би ја делеле по две години.