Претседателот на ЗНМ, Никола Чадикоски во „EU Click“ на ТВ21 потсети дека Македонија пред 15 години била на 35 место на листата на Репортери без граници.
„Тоа беше тогаш кога имавме вистинска слобода од секоја смисла и финансиски понезависни. Сега да, имаме слобода на говорот, слобода на мисла, меѓутоа во еден ваков мал пазар во којшто сега функционираме, медиумите практично се зависни од центрите на моќ, независно дали се тоа политички или бизнис центри“, истакна тој.
Чадиковски посочи дека се додека нема финансиски независни медиуми не можеме да зборуваме за вистинска слобода на говор.
